• петок, 15 мај 2026

Пелистер се избори за мајсторка со МЗТ

Пелистер се избори за мајсторка со МЗТ

Битола, 10 мај 2026 (МИА) – Кошаркарите на Пелистер вечерва го победија актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром во вториот натпревар од полуфиналната серија на плејофот.

Натпреварот во Битола заврши со резултат 81:76 за домаќините кои се изборија за „мајсторка“.

По изедначената прв четвртина која заврши 18:17 за Пелистер, во вториот период зелено-белите одиграа многу подобро од противникот и на пауза отидоа со двоцифрена предност 46:33, која се покажа доволна за конечен триумф.

Џенкинс беше најефикасен на натпреварот со 31 поен и најзаслужен за победата на домашниот тим.

Во поразениот тим Танасковиќ беше најефикасен со 22 поена. зс/

Фото: КК Пелистер

Остани поврзан