• вторник, 14 април 2026

Пекинг бара најстрога казна за напаѓачот на кинеската амбасада во Токио

Пекинг бара најстрога казна за напаѓачот на кинеската амбасада во Токио

Пекинг, 26 март 2026 (МИА) - Кинеското Министерство за надворешни работи ја повика Јапонија да ја примени целата строгост на законот против лицето кое вчера упадна во кинеската амбасада во Токио.

Сторителот, кој бил вооружен со нож од 18 сантиметри, е предаден на полицијата, изјави на прес-конференција во Пекинг портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан. Тој додаде дека кинеската амбасада тесно соработува со јапонската полиција за расветлување на случајот.

Јапонија вчера соопшти дека изразила жалење до Кина, откако властите го потврдија апсењето на јапонски војник под сомнение за незаконско влегување во дипломатското претставништво во Токио. ссм/ми/

фото: архива

Остани поврзан