Патријархот на Српската православна црква г. Порфириј во Скопје ќе присуствува на свеченоста по повод празникот Св. Сава
- По повод Св. Сава – националниот празник на српската заедница во РС Македонија што се одбележува во понеделник на 27 јануари, во посета на Министерството за односи меѓу заедниците денеска беа ученици од 1 до 5 одделение од ЦУ „Табановце“ со подрачните училишта од селата Четирце и Горно Коњаре. Министерот за односи межу заедниците Иван Стоилковиќ најави дека на свеченоста во Скопје в понеделник ќе присуствува и патријархот на Српската православна црква г. г. Порфириј.

Скопје, 24 јануари 2025 (МИА) - По повод Св. Сава – националниот празник на српската заедница во Северна Македонија што се одбележува во понеделник на 27 јануари, во посета на Министерството за односи меѓу заедниците денеска беа ученици од 1 до 5 одделение од ЦУ „Табановце“ со подрачните училишта од селата Четирце и Горно Коњаре. Министерот за односи межу заедниците Иван Стоилковиќ најави дека на свеченоста во Скопје в понеделник ќе присуствува и патријархот на Српската православна црква г. г. Порфириј.
-Ова беше само еден мал дел од подготовките за одбележување на националниот празник на Србите во Македонија. Главната манифестација ќе биде на 27 јануари во Македонскиот народен театар. Оваа година на одбележувањето ќе присуствува неговата светост патријархот на Српската православна црква г. Порфириј, кој ќе биде гостин на Македонската православна црква и на светосавската академија ќе пристигнат заедно г.г.Стефан. Ќе бидат присутни и претседателот на Народното Собрание на Црна Гора, претседателот на Народното Собрание на Република Српска и други регионални претставници на српскиот народ, изјави денеска министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.
Министерот посочи дека празниците на националните заедници во Македонија ќе се одбележуваат во Министерството затоа што, како што кажал и минатиот пат кога се одбележуваше Денот на турската заедница тоа е куќа на сите национални заедници во Македонија.
-И мислам дека со ваквиот во однос на треманот на помалите етнички заедници, даваме еден нов квалитет не само во политичкиот живот во државата во која што живееме туку даваме квалитет на пристапот и односот на припадниците на помалите етнички заедници кои до сега не баш уживаа не само поддршка туку и внимание во државата. Да кажам дека беа малку запоставени и во културниот и во политичкиот и аспект во живеењето во Македонија, рече Стоилковиќ.
Денеска се одбележува Св.Сава, меѓутоа согласно програмата за правата на заедниците на Владата во 2025 година, и работата на Министерството, припадниците на сите помали заедници во Македонија располагаат со сериозна сума на пари за одбележување на нивните национални празници.
- Во буџетот Владата издвои доволно средства кога ќе дојде нивниот ден да може на тој ден на најдобар можен начин да ги прикажат на македонската јавност своите национални културни и сите други особености, рече министерот.
На сите учесници на настанот им беа доделени пригодни поклони по повод Свети Сава, а дополнително ќе добијат и Буквар на српски јазик.
Амбасадорката на Србија во Северна Македонија Невена Јовановиќ истакна дека одбележувањето на Св.Сава е празник кој за нив има симболика.
-Да се потсетиме на она што Свети Сава не учи, а тоа се љубов, слога, мир, заедно со нашите ученици од основните училишта да се потсетиме колку се важни образованието, и навистина нема поубаво место од Скопје да испратиме порака за љубов и слога, рече Јовановиќ.
Српската заедница во Северна Македонија, како што кажа, покажа дека е релевантен и кредибилен партнер и претставува важен сегменет за функционирање во целокупното општество во РСМ.
-Како претставник на Република Србија наша заедничка желба е на линиите на добрите билатерални односи и наши блиски врски кои низ години, децении па и векови не врзуваат да продолжиме да градиме добрососедски односи во сочувување на регионалниот мир, стабилност во годините кои доаѓаат, рече српската амбасадорка Јовановиќ. фф/ев/
Фото: МИА