Папа Франциск: Медитеранот е колевка на цивилизацијата, не треба да стане гробишта
- Папата Франциск денеска го повтори апелот да се направи се за да се спречи загубата на животи на мигрантите кои се обидуваат да го преминат Средоземното Море.
Рим, 27 септември 2023 (МИА) - Папата Франциск денеска го повтори апелот да се направи се за да се спречи загубата на животи на мигрантите кои се обидуваат да го преминат Средоземното Море.
Тој на овонеделната генерална аудиенција рече дека е „сон и предизвик“ за Средоземното Море да го врати својот углед на расадник на цивилизацијата и мирот.
„Медитеранот е колевка на цивилизацијата и колевка на животот. Не смее да се дозволи Медитеранот да стане гробишта, ниту сцена на судири“, рече Папата.
Меѓународната организација за миграции (ИОМ) соопшти дека оваа година повеќе од 2.350 луѓе загинале или исчезнале во Средоземното Море, главно преку главната медитеранска мигрантска рута меѓу Северна Африка и Италија.
„Средоземното Море претставува целосна спротивност на судирот на цивилизациите, војната, шверцот со луѓе. Тоа треба да биде средство за комуникација меѓу Африка, Азија и Европа, меѓу северот и југот, истокот и западот, луѓето и културите, јазиците, филозофиите и религиите“, додаде папата Франциск. рп/
Фото: МИА архива