• четврток, 25 декември 2025

Пантер МВП на 17. коло на Евролигата

Пантер МВП на 17. коло на Евролигата

Барселона, 20 декември 2025 (МИА) – Бекот на Барселона, Кевин Пантер е прогласен за најкорисен играч (MVP) во 17. коло на Евролигата.

Во шпанското дерби, Барселона ја победи Басконија, по три продолженија со 134:124.

Пантер постигна 43 поени за 45 минути на теренот, погодувајќи 12 од 19 шутеви за два поени, 4 од 7 тројки и 7 од 7 слободни фрлања, а додаде и два скока, две асистенции и две украдени топки.

Барселона со Хапоел Тел-Авив се на првите две позиции во поредокот на елитното кошаркарско натпреварување со 12 победи и пет порази по 17 кола. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан