• сабота, 16 мај 2026

Охрид и Силекс ремизираа во фудбалскиот национален куп

Охрид и Силекс ремизираа во фудбалскиот национален куп

Охрид, 22 април 2026 (МИА) – Нерешено 1:1 заврши првиот дуел од полуфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија меѓу Охрид и Силекс одигран попладнево на „СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

Домаќините поведоа во 35. минута, преку Иван Глигоров. Голот за тимот од Кратово го постигна Ади Алиќ во првата минута од судиското надополнување во првото полувреме.

Во втората полуфинална пресметка, попладнево од 14 часот во Тетово Шкендија ја пречекува Шкендија Арачиново. 

Реваншите се закажани за 6 мај. зс/

Фото: Фејсбук ГФК Охрид

Остани поврзан