• петок, 17 април 2026

Отстранети 90 нефункционални возила од јавни површини во Струга, акцијата продолжува

Отстранети 90 нефункционални возила од јавни површини во Струга, акцијата продолжува

Струга, 27 март 2026 (МИА) - Околу 90 стари, хаварисани и нефункционални возила се отстранети од јавните површини во Струга во рамките на акцијата на Општината за создавање урбан ред во градот.

Акцијата, како што посочува Општина Струга, продолжува и во наредниот период. Апелираат до граѓаните да ги пријават возилата што сè уште не се отстранети и да соработуваат со институциите за оваа иницијатива да биде уште поуспешна.


- Заедно можеме да создадеме почист, поуреден и поубав град за сите. Јавните простори се на сите – не ги узурпирајте, посочува Општина Струга. сс/

Фото Општина Струга

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан