• вторник, 13 јануари 2026

Отворена подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности во општина Ново Село

Отворена подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности во општина Ново Село

Скопје, 13 јануари 2026 (МИА) - Во општина Ново Село од денеска функционира подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) во која повеќе од 10 000 жители на оваа општина и околните населени места ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба како досега од патување до Струмица.

- Ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги, рече директорот на АКН Иван Живковски откако со градоначалникот на Општина Ново Село ја отворија новата канцеларија.

Прес-службата на АКН информира дека отворањето на канцеларијата е уште еден значаен и конкретен чекор кон унапредување на достапноста и квалитетот на катастарските услуги.лв/вј/

фото: АКН

 

Остани поврзан