Општина Сарај: Од денеска до 23 февруари, граѓаните да ги пријавуваат штетите од поплавите
- Општина Сарај информира дека од денеска до 23 февруари, граѓаните да ги пријавуваат штетите од вчерашните поплави на територијата на оваа општина.
Скопје, 16 февруари 2026 (МИА) - Општина Сарај информира дека од денеска до 23 февруари, граѓаните да ги пријавуваат штетите од вчерашните поплави на територијата на оваа општина.
-Сите жители на населените места на Општина Сарај, кои беа погодени од силните поплави во последните денови, со ова се известуваат дека можат да поднесат барања за идентификација и проценка на штетите предизвикани врз станбените згради, помошните згради, опремата и други средства. Комисијата формирана од Општината ќе излезе на терен за да ги потврди фактите и да ги процени пријавените штети. Рокот за поднесување на барањата е од 16 до 23 февруари. По истекот на овој рок, поднесените барања нема да се разгледуваат - посочуваат од општината.
Граѓаните треба да ги доставуваат барањата во просториите на Општина Сарај во текот на официјалното работно време. Граѓаните можат да го преземаат образецот на следниот линк.
-Комисијата ќе им помогне и на жителите во пополнувањето на Обрасците за аплицирање, кои мора да се пополнуваат редовно и да бидат комплетни со сите задолжителни документи што се означени во барањата - информираат од Општина Сарај. фф/са/
Фото: Општина Сарај