Општина Куманово ја замени старата и дотраената светлосна сигнализација
- По реакциите на граѓаните, заменета светлосната сигнализација на повеќе локации.
Куманово, 25 март 2026 (МИА) - Општина Куманово ја замени старата и дотраената светлосна сигнализација на повеќе локации во Куманово информира денеска надлежните од општината.

-Нова светлосна сигнализација на три локации на булевар „Трета МУБ“. Пуштени се во употреба новопоставените семафори на крстосницата кај градскиот пазар, на крстосницата од улица „Народна револуција“ со булеварот „Трета МУБ“ и крстосницата меѓу улицата „Перо Чичо“ и булеварот „Трета МУБ“ кај школска амбуланта-соопшти градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

По реакциите на граѓаните, повеќекратните оштетувања, интервенции на светлосната сигнализација и ефикасно спроведување на системот „Безбеден град“ во Куманово, општината ја замени светлосната сигнализација.
Реконструкцијата, според општинските власти, треба да обезбеди поголема безбедност и функционалност на сообраќајот, особено на локации со зголемена фреквенција на ученици и пешаци. Претходно пешаците и возачите реагираа на состојбата и бараа побрзо решавање на проблемот од општината. ам/вј/
Фото: Општина Куманово