Општина Дебар продолжува со зафати за подобра патна инфраструктура, во завршна фаза асфалтирањето на патот во Долно Косоврасти
- Станува збор за патот од Косоврашки Мост до центарот на селото, како и кракот кој води кон бањските локалитети. Со проектот предвидено се средства во износ од над 5,5 милиони денари со вклучен ДДВ. Можам да кажам дека во завршна фаза е асфалтирањето на патот, рече за МИА, Резона Фетаху, координатор на проектот.
Дебар, 5 март 2026 (МИА) - Општина Дебар продолжува со реализација на проекти за подобрување на патната инфраструктура, со цел создавање подобри услови за жителите на целата територија на општината.
По исполнувањето на сите потребни технички и административни услови, во завршна фаза е целосната реконструкција на патот во село Долно Косоврасти.
-Станува збор за патот од Косоврашки Мост до центарот на селото, како и кракот кој води кон бањските локалитети. Со проектот предвидено се средства во износ од над 5,5 милиони денари со вклучен ДДВ. Можам да кажам дека во завршна фаза е асфалтирањето на патот, рече за МИА, Резона Фетаху, координатор на проектот.
Увид во работите изврши градоначалникот, Фисник Меља, кој изрази задоволство од динамиката и квалитетот на реализацијата на проектот.
-Овој проект е дел од континуираната заложба на Општина Дебар за подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри услови за безбеден и непречен сообраќај на жителите на село Долно Косоврасти, изјави тој.

Меља порача дека Општина Дебар останува посветена на реализација на инфраструктурните инвестиции со висок квалитет и во предвидените рокови, со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните и рамномерен развој на сите делови од општината. вт/
Фото: Општина Дебар