• петок, 06 март 2026

Општина Битола почна со градба на спортска сала во училиштето „Стив Наумов“

Општина Битола почна со градба на спортска сала во училиштето „Стив Наумов“

Битола, 6 март 2026 (МИА) - Општина Битола денеска почна да гради типската училишна спортска сала во дворот на основното училиште „Стив Наумов“. 

Училишната фискултурна сала ќе биде на површина од 650 квадратни метри, објект што ќе се користи за спортски и рекреативни активности во мали спортови како кошарка, одбојка, гимнастика, ракомет, пинг понг и други спортови поврзани со училишното образование. 

Почетокот на градежните работи го проследи градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски кој беше информиран дека објектот ќе има две секции, едната за помошни простории соблекувална, канцеларија и тоалети, а другата секција е фискултурна сала. Вкупната вредност на проектот е 48 милиони денари, средства од вториот владин повик преку Министерството за образование и наука, а дел од нив од буџетот на Општина Битола.мт/вј/

Фото: Општина Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан