• вторник, 14 април 2026

ОО на Црвен крст од Виница го одбележа Светскиот ден на крводарителите

ОО на Црвен крст од Виница го одбележа Светскиот ден на крводарителите

Виница, 25 март  2026 (МИА) - Со пригодна програма и доделување на благодарници, во организација на ОО Црвен крст од Виница, вчера вечер е одбележан 17 Март - Светскиот ден на крводарителите.

-Доброволното дарување крв е една од најхуманите вредности, а Виница и понатаму го задржува приматот на град со најголем број дарувани единици крв, позиција која ја гради со децении и ја одржува како вистински пиедестал на хуманоста, рече во своето обраќање на свеченоста, градоначалникот Митко Костадиновски.

И како човек и како градоначалник , но и како крводарител, додаде, ќе продолжам силно да ја поддржувам оваа благородна мисија и да се залагам за нејзино континуирано унапредување.

Во рамки на настанот беа доделени благодарници и награди за јубилејно крводарување - за дарувани 25, 50, 75 и 100 единици крв, на крводарители кои во текот на 2025 година ги достигнале овие значајни бројки. Дополнително, признанија добија и институции и здруженија на граѓани кои континуирано даваат поддршка на активностите на Општинската организација на Црвен крст од Виница.

Настанот беше збогатен со повеќе културни содржини, кои придонесоа за достоинствено и свечено одбележување на овој значаен датум за сите крводарители. ис/вј/

Фото: Црвен крст Виница

 

Остани поврзан