• четврток, 26 февруари 2026

Одделни средби на Албусади со иранската и американската делегација

Одделни средби на Албусади со иранската и американската делегација

Мускат, 6 февруари 2026 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Оман, Сајад Бадр Албусади имаше одвоени средни со иранските и американските претставници, соопшти оманското МНР.

Бусади разговарал со иранскиот колега Абас Арагчи и американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Консултациите беа фокусирани на подготовка на условите за продолжување на дипломатските и техничките преговори, со акцент на нивната важност, со оглед на решеноста на вклучените страни да обезбедат трајна безбедност и стабилност, се наведува во соопштението на оманското МНР.

Во меѓувреме, иранските медиуми објавија дека Арагчи и неговиот тим набрзо ќе ги почнат преговорите со американската делегација.

Оман и минатата година посредуваше помеѓу Иран и САД во нуклеарните разговори, кои беа прекинати во јуни кога Израел ги нападна иранските нуклеарни постројки, а набргу се приклучија и американските сили. ми/рп/

фото: ДПА 

Остани поврзан