• четврток, 19 март 2026

Авганистан напаѓа цели во Пакистан

Авганистан напаѓа цели во Пакистан

Кабул, 26 февруари 2026 (МИА) – Авганистанските воени власти соопштија дека почнаа напади врз Пакистан како одговор на пакистанските воздушни напади врз провинциите Нангархар и Пактија од пред неколку дена.

- Како одговор на повторените провокации и прекршувања од страна на пакистанските воени кругови, започнати се големи офанзивни операции против пакистанските воени позиции и објекти долж линијата Дуранд (меѓународната граница меѓу двете земји, која Авганистан официјално не ја признава), објави на Икс портпаролот на авганистанските талибанци, Забихулах Муџахид.

Пакистанската армија на 22 февруари изврши воздушни напади долж авганистанската граница, а цели беа камповите на Техрик-е-Талибан Пакистан и локалниот огранок на Исламска држава во источен Авганистан.

Според пакистанската армија во нападите елиминирани се најмалку 70 милитанти, додека според Кабул загинале десетици цивили, меѓу кои жени и деца. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан