Јонсон: Дронот чиј сигнал беше блокиран во близина на француски носач на авиони во Шведска најверојатно е руски
- Дронот чиј сигнал беше блокиран во близина на францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ во Шведска најверојатно руски, изјави вечерва шведскиот министер за одбрана Пол Јонсон.
Стокхолм, 26 февруари 2026 (МИА) – Дронот чиј сигнал беше блокиран во близина на францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ во Шведска најверојатно руски, изјави вечерва шведскиот министер за одбрана Пол Јонсон.
Тој коментирајќи го вчерашниот инцидент во Малме, истакна дека „во непосредна близина имало руски воен брод“.
Генералштабот на француските вооружени сили денеска соопшти дека шведските сили вчера пресретнаа и неутрализираа дрон што се приближувал до францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“, вкотвен во Малме.
Беспилотното летало било пресретнато на околу 10 километри од пристаништето. Други детали не се наведени.
Францускиот носач на авиони е во Малме бидејќи ќе учествува во мисијата на НАТО во Балтичко Море за одвраќање на заканата по подводната инфраструктура. Мисијата е иницирана по прекинот на кабли на дното на Балтичко Море, за што западните држави ја обвинија Русија. ми/
фото: ЕПА