Одбележување на Светски ден на филозофијата
- На Филозофскиот факултет во Скопје денеска ќе биде одбележан 22. Светски ден на филозофијата, во организација на Филозофското друштво на Македонија и Институтот за филозофија. Овој ден, востановен од УНЕСКО, традиционално се слави на третиот четврток во ноември низ целиот свет.
Скопје, 20 ноември 2025 (МИА) - На Филозофскиот факултет во Скопје денеска ќе биде одбележан 22. Светски ден на филозофијата, во организација на Филозофското друштво на Македонија и Институтот за филозофија. Овој ден, востановен од УНЕСКО, традиционално се слави на третиот четврток во ноември низ целиот свет.
Централниот дел од програмата е симпозиумот на тема „Филозофијата во образованието“, кој ќе се одржи во две сесии, а ќе учествуваат девет истакнати филозофи и истражувачи, меѓу кои д-р Стивен Фридман (САД), проф. д-р Ана Димишковска, проф. д-р Јасмина Поповска и други.
Свеченото отворање ќе биде збогатено со музички настап на студенти од Факултетот за музичка уметност, а присутните ќе ги поздрават деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакревски, и раководителот на Институтот за филозофија, проф. д-р Ана Димишковска. Во рамки на настанот ќе биде доделена наградата „Константин Философ“ за животно дело, која годинава ја добива проф. д-р Љубомир Цуцуловски. бк/са/
Фото: ФДМ