Одбележани патроните празници на ОУ „Раде Кратовче“ и СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани
- Со пригодни активности и оддавање почит, ОУ „Раде Кратовче“ и СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани денеска ги одбележаа патроните празници. Пред бистите во училишните дворови и во Паркот на револуцијата, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, училишни и општински делегации положија цвеќе и им оддадоа почит на борците кои ги положија своите животи во антифашистичката борба.
Кочани, 23 март 2026 (МИА) - Со пригодни активности и оддавање почит, ОУ „Раде Кратовче“ и СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани денеска ги одбележаа патроните празници. Пред бистите во училишните дворови и во Паркот на револуцијата, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, училишни и општински делегации положија цвеќе и им оддадоа почит на борците кои ги положија своите животи во антифашистичката борба.

Во рамките на програмата, учениците од ОУ „Раде Кратовче“ оддадоа посебна почит и на младинците Петар Ивановски и Драгана Минова, по кои се именувани спортскиот и младинскиот клуб во училиштето, кои загинаа во трагедијата во „Пулс“, а нивните родители се наставници во ова училиште.

Со културно-уметничка програма се претставија и гимназијалците од СОУ „Љупчо Сантов“, кои преку стихови и музика испратија родољубиви пораки и потсетија на важноста од негување на историската меморија. Воедно, тие со емотивен омаж им оддадоа почит на своите прерано загинати врсници од пред една година. ис/вј/
Фото: Општина Кочани