Од денеска електронско гласање во Советот на Општина Битола
- Од денеска, Советот на Општина Битола, за седниците на комисиите и седниците на општинскиот Совет имплементира електроско гласање.
Битола, 23 декември 2025 (МИА) - Од денеска, Советот на Општина Битола, за седниците на комисиите и седниците на општинскиот Совет имплементира електроско гласање.
Според претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, со електронско гласање ќе се обезбеди поголема транспраентност во локалната самоуправа.
-Воведовме пилот-проект за електронско гласање, побрзо, поефикасно и потранспарентно од кога било досега. На денешната Комисија за јавни дејности, членовите имаа можност практично да го тестираат системот, а во периодот што следи истиот ќе биде применет и на останатите комисии, истакна Бојкоски.
Системот за електронско гласање е целосно изработен од вработените во ИТ одделението на Општина Битола.мт/вј/
Фото: МИА