Објавени пробите за настапите на „Евровизија“
- Триесет и пет земји учествуваат на натпреварот, чиј домаќин годинава е Австрија. Главни фаворити за победа се Финска, Грција и Данска.
Скопје, 10 мај 2026 (МИА) - Пробите за настапите на 70. издание на големиот музички натпревар „Евровизија“ се објавени на официјалниот Јутјуб - канал.
Триесет и пет земји учествуваат на натпреварот, чиј домаќин годинава е Австрија.
Првото полуфинале е во вторник, второто во четврток, а големото финале е закажно за во сабота.
Главни фаворити за победа, според обложувалници на интернет, се Финска, Грција и Данска. бд/ев/
Фото и видео: Официјален евровизиски Јутјуб-канал