Обука на тема „Недискриминација и борба против антициганизмот како форма на расизам“, придонес кон поголема еднаквост на ромската заедница во општеството
- Обука на тема „Недискриминација и борба против антициганизмот како форма на расизам“ се реализира денеска во Клубот на пратеници во Скопје. Настанот е во организација на министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, д-р Шабан Салиу, во соработка со Советот на Европа.
Скопје, 13 март 2026 (МИА) - Обука на тема „Недискриминација и борба против антициганизмот како форма на расизам“ се реализира денеска во Клубот на пратеници во Скопје. Настанот е во организација на министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Шабан Салиу, во соработка со Советот на Европа.

- Оваа иницијатива, што е дел од програмата на ЕУ и Советот на Европа, „Интеграција на Ромите - трета фаза“, е примарно насочена кон наставниците и претставниците од средното образование. Главните столбови на обуката вклучуваат препознавање на антициганизмот: продлабочување на капацитетите за разбирање на оваа специфична форма на расизам, културна сензитивност: проширување на знаењата за ромската култура, инклузивен пристап: обезбедување правичен и недискриминаторски третман во училиштата, беше наведено на настанот.

Се нагласи дека ваквите обуки се неопходни за унапредување на инклузивните политики, со што директно се придонесува кон поголема еднаквост на ромската заедница во општеството.

- Процесот на едукација ќе продолжи и во текот на април. Следниот циклус е планиран за воспитувачите и негувателките во детските градинки, со цел да се опфатат сите нивоа на образовниот процес, најавија од организацијата. бд/паг/
Фото: Кабинет на министерот Шабан Салиу