• петок, 21 февруари 2025

Обединетите Арапски Емирати отфрлаат каков било обид за преселување на Палестинци од Појасот Газа

Обединетите Арапски Емирати отфрлаат каков било обид за преселување на Палестинци од Појасот Газа

Абу Даби, 5 февруари 2025 (МИА) – Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) категорично отфрлаат секаков обид за преселување на Палестинци од Појасот Газа и ускратување на нивните „неотуѓиви права“, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на ОАЕ.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера рече дека САД ќе го „преземат“ разурнатиот од војна Појасот Газа откако Палестинците ќе бидат преместени на друго место и дека економски ќе ја развијат окупираната палестинска енклава.

Трамп ова го изјави на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој е во посета на САД. јт/

Остани поврзан