• петок, 20 март 2026

ОАЕ соопштија дека пресретнале втор бран ирански ракетни напади

ОАЕ соопштија дека пресретнале втор бран ирански ракетни напади

Абу Даби, 28 февруари 2026 (МИА) – Обединетите Арапски Емирати соопштија дека пресретнале втор бран ирански напади, известувајќи дека парчиња од ракети паднале низ главниот град Абу Даби, без да предизвикаат повреди, откако во првиот бран загина еден цивил.

„Министерството за одбрана објави дека воздушната одбрана на ОАЕ успешно пресретна нов бран ирански ракети“, се вели во соопштението.

„Парчиња од пресретнатите ракети паднаа во различни области на Абу Даби, вклучувајќи ги островот Саадијат, Калифа Сити, Бани Јас, Мохамед бин Зајед Сити и Ал Фалах“, се додава, со потврда дека „немало повреди на овие локации“. јт/

Фото: Министерство за одбрана на ОАЕ

Остани поврзан