• понеделник, 23 март 2026

ОАЕ имаат стратешки резерви за противвоздушна одбрана за долг период, изјави портпарол на Министерството за одбрана

ОАЕ имаат стратешки резерви за противвоздушна одбрана за долг период, изјави портпарол на Министерството за одбрана

Aбу Даби, 3 март 2026 (МИА) - Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) имаат стратешки резерви на системи за противвоздушна одбрана способни да ги одбијат воздушните закани на долг период, изјави денеска портпаролот на Министерство за одбрана во Абу Даби.

Тој додаде дека ОАЕ нема да дозволи никакви нарушувања на нивниот суверенитет и безбедност.

Министерството за одбрана на ОАЕ соопшти дека од почетокот на ескалацијата се регистрирани 186 лансирања на ракети од Иран, при што 172 се уништени, 13 паднале во морето, а една паднала на територијата на земјата. рп/ми/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан