Ноер ќе го продолжи договорот со Баерн
- Голманот на Баерн, Мануел Нојер, наскоро ќе потпише нов договор со клубот, објави „Sky Sport“.
Минхен, 13 мај 2026 (МИА) - Голманот на Баерн, Мануел Нојер, наскоро ќе потпише нов договор со клубот, објави „Sky Sport“.
Се очекува договорот да биде склучен пред натпреварот на Баварците против Келн во последното коло од Бундеслигата, кој ќе се одржи на 16 мај.
Се очекува платата на Ноер да биде намалена според новиот договор. Договорот ќе важи до 2027 година.
Ноер е во Баерн од 2011 година. Оваа сезона, 40-годишниот голман одигра 36 натпревари во сите натпреварувања, прими 39 гола и 11 пати ја зачува мрежата „чиста“. зс/
Фото: ЕПА