• среда, 18 март 2026

Нова измама во Битола на возрасно лице од лажен лекар кој одзел 9.600 евра

Нова измама во Битола на возрасно лице од лажен лекар кој одзел 9.600 евра

Битола, 26 февруари 2026 (МИА) - СВР Битола утрово информира дека е регистран нов случај на измама на возрасно лице од лажен лекар кој на 84-годишна битолчанка и одзел 9.600 евра.

Од СВР Битола информираат дека вчера во 16:00 часот во СВР Битола, 84-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра. Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена.

Измама беше регистрирана и претходниот ден кога 83-годишен битолчанец во СВР Битола пријави дека  бил измамен за 10.000 евра. Измамникот му се претставил како лажен лекар и му рекол дека неговата внука паднала по скали, се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција. 

Според соопштението на СВР Битола, одземањето на парите се врши според исто сценарио, и во двата случаеви, измамените лица ги даваат парите на лице кое доаѓа пред нивната врата, потоа дознаваат дека се измамени.

СВР Битола преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на овој и претходните случаеви со појавата на лажни лекари, измамници. мт/дма/

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан