Нов напад на Израел врз Бејрут, на мета финансиската мрежа на Хезболах
- Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека почнале бран воздушни напади врз инфраструктурата на проиранското милитантно движење Хезболах во јужните предградија на Бејрут
Ерусалим, 9 март 2026 (МИА) – Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека почнале бран воздушни напади врз инфраструктурата на проиранското милитантно движење Хезболах во јужните предградија на Бејрут.
ИДФ претходно предупреди дека ќе ги таргетира целите на групата Ал Кард ал-Хасан, која Хезболах ја користи како квазибанка.
Претходно, портпаролот на ИДФ, полковник Авичај Адреи изјави дека ќе се дејствува против терористичката инфраструктура што му припаѓа на Ал Кард ал-Хасан, што е централен елемент во финансирањето на активностите на терористичката организација Хезболах и ѝ штети на либанската економија во служба на иранските интереси.
Жителите на јужните предградија на Бејрут беа повикани да се евакуираат според претходно објавените рути за евакуација. ми/ссм/
фото: МИА архива