• четврток, 25 декември 2025

Нетанјаху: Израел е суперсила, посилен од кога било

Нетанјаху: Израел е суперсила, посилен од кога било

Тел Авив, 18 декември 2025 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел е посилен од кога било и оти претставува суперсила.

- Мирот се договара со тие кои се силни, посочи Нетанјаху, при тоа ги наведе најновиот договор за природен гас со Египет, а ја пофали и израелската економија.

Неговата изјава уследи откако беше објавено дека Нетанјаху на крајот на месецот ќе отпатува во САД, каде ќе се сретне со претседателот Доналд Трамп. Тие ќе разговараат за иднината на договорот за примирје во Појасот Газа, како и за потенцијална нормализација на односите со арапските држави. ми/ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан