• петок, 15 мај 2026

Недев ќе одржи семинар во Бразил

Недев ќе одржи семинар во Бразил

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) – Македонскиот каратист Дејан Недев, од утре до 18 мај ќе одржи меѓународен карате семинар во два града во Бразил — Сао Паоло и Кампинас, на покана на Бразилска федерација за традиционално карате.

На Недев ова ќе му биде четврта посета на Бразил — три пати како натпреварувач и учесник на ИТКФ Светско првенство во традиционално карате во 1996 година во Сао Паоло, како и во 2010 и 2019 година во Куритиба, а сега повторно во Сао Паоло, но во улога на главен инструктор и предавач.

Се очекува учество на голем број каратисти од повеќе држави од Јужна Америка, меѓу кои: Бразил, Чиле, Аргентина, Колумбија, Уругвај, Перу и Венецуела.

Ова се држави каде што традиционалното карате е високо развиено, благодарение на основачот на ИТКФ, Хидетака Нишијама сенсеи. зс/

Фото: МТКФ

Остани поврзан