Најмалку три жртви во пожар во Малезија
- Во пожар во малезиската сојузна држава Селангор изгореа две фабрики, а најмалку три лица загинаа, соопштија денеска локалните власти.
Куала Лумпур, 15 јануари 2026 (МИА) – Во пожар во малезиската сојузна држава Селангор изгореа две фабрики, а најмалку три лица загинаа, соопштија денеска локалните власти.
Противпожарната и спасувачката служба на Селангор соопштија дека пријавата за пожарот пристигнала во средата навечер по локално време и дека поради огнот дошло до експлозии во објектот, пренесе Синхуа.
- Операциите за гаснење на пожарот успешно се спроведени за да се спречи ширењето на огнот кон соседните фабрики, а околу 1:15 часот наутро е пријавено дека пожарот зафатил уште две фабрики, но е успешно спречено понатамошното ширење, се вели во соопштението.
Според противпожарната служба, трите жртви се пронајдени во една од уништените фабрики, а нивниот идентитет сè уште не е утврден. јт/
Фото: МИА архива