• петок, 20 февруари 2026

Најмалку 12 луѓе загинаа при експлозија во шиитска џамија во Исламабад

Најмалку 12 луѓе загинаа при експлозија во шиитска џамија во Исламабад

Исламабад, 6 февруари 2026 (МИА) - Најмалку 12 луѓе загинаа при експлозија на бомба во шиитска џамија во предградие на Исламабад, соопшти пакистанската полиција.

- Нападот очигледно е извршен од бомбаш самоубиец. Тоа се случи по помалку од три месеци по сличен напад во Исламабад. Првично можам да потврдам дека најмалку 12 лица се мртви - изјави портпаролот на полицијата, Таки Џавад, за Германската новинска агенција (ДПА).

Во нападот повредени се 15 луѓе, а некои од нив се во тешка здравствена состојба.

Шиитите се 20-ина проценти од речиси 250-милионското население на Пакистан. Тие во минатото често беа цел на нападите на пакистанските талибанци и на екстремистичката Исламска држава. ми/рп/

фото: МИА архива

Остани поврзан