Современиот пристап кон женското здравје, со акцент на PMOS/PCOS во фокусот на Недела на женското здравје 2026
- Современиот пристап кон женското здравје, со посебен акцент на состојбата што денес се смета за едно од најчестите ендокрини и метаболистички нарушувања кај жените во репродуктивна возраст - PMOS/PCOS, ќе биде во фокусот на годинешното одбележување на Неделата на женското здравје 2026.
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Современиот пристап кон женското здравје, со посебен акцент на состојбата што денес се смета за едно од најчестите ендокрини и метаболистички нарушувања кај жените во репродуктивна возраст - PMOS/PCOS, ќе биде во фокусот на годинешното одбележување на Неделата на женското здравје 2026.
Почетокот на петтото издание на Недела на женското здравје 2026“ ќе биде означен денеска со прес-конференција. Неделата на женското здравје 2026 е во организација на Македонската асоцијација на гинеколозите и опстетричарите - МАГО.
На прес-конференцијата ќе се обратат претседател на МАГО, проф. д-р Глигор Тофоски, и членовите на УО на МАГО, проф. д-р Елена Џикова и спец. д-р Илир Шурлани.
На настанот ќе бидат презентирани и најновите меѓународни препораки и глобалните иницијативи за редефинирање на оваа состојба, која според светските податоци засега повеќе од 170 милиони жени.
Во рамките на пресот ќе стане збор и за зголемениот ризик од неплодност и компликации во бременоста, метаболистичките и кардиоваскуларните последици, важноста на раната дијагноза, како и потребата од поголема јавна едукација и поддршка за жените.
Неделата на женското здравје веќе петта година обединува здравствени професионалци, институции и јавноста преку стручни предавања, едукативни активности и јавни кампањи посветени на сексуалното и репродуктивното здравје. ац/
Фото: МАГО