Националниот џез-оркестар ќе го изведе најновиот проект на американскиот композитор и диригент Мајк Холобер
- - Холобер е еден од најзначајните современи џез-композитори и аранжери, препознатлив по својата виртуозност, изразена оркестарска визија и длабока музичка чувствителност. Неговиот проект This Rock We’re On: Imaginary Letters е оценет како монументално ремек-дело и мајсторска лекција по композиција за џез-оркестар. Во ова дело авторот создава впечатлив спој на два музички света - суптилната естетика на современата класична музика и моќната, динамична енергија на биг-бенд звукот, наведуваат од Националниот џез-оркестар.
Скопје, 18 март 2026 (МИА) - Националниот џез-оркестар, вечерва, со почеток во 20 часот, ќе го изведе најновиот проект на американскиот композитор и диригент Мајк Холобер, This Rock We’re On: Imaginary Letters, под диригентство на самиот автор.
- Холобер е еден од најзначајните современи џез-композитори и аранжери, препознатлив по својата виртуозност, изразена оркестарска визија и длабока музичка чувствителност. Неговиот проект This Rock We’re On: Imaginary Letters е оценет како монументално ремек-дело и мајсторска лекција по композиција за џез-оркестар. Во ова дело авторот создава впечатлив спој на два музички света - суптилната естетика на современата класична музика и моќната, динамична енергија на биг-бенд звукот - наведуваат од Националниот џез-оркестар.
Концертот ќе биде збогатен со настапите на солистите Андријана Јаневска - вокал, Кирил Јосифов - виолончело, Влатко Нушев - вибрафон и перкусии.
- Делото претставува длабока уметничка рефлексија за убавината на природата и судбината на планетата, конципирано како циклус од замислени писма посветени на писатели, уметници и активисти, кои својот живот го посветиле на восхит и грижа за нашата планета. Секое писмо е проследено со инструментална оркестарска интерпретација, што ја продлабочува и музички ја отсликува неговата поетска и емоционална димензија - посочуваат од Националниот џез-оркестар. нд/бак/
Фото: Плакат