• петок, 05 декември 2025

Дискусии на теми „Homo Veritatis: За вистината во јавниот дискурс“ и „Homo Religiosus: За човекот како религиозно битие“ на Форумот за Интердискурзивен дијалог „Philosophia Christiana“

Дискусии на теми „Homo Veritatis: За вистината во јавниот дискурс“ и „Homo Religiosus: За човекот како религиозно битие“ на Форумот за Интердискурзивен дијалог „Philosophia Christiana“

Скопје, 27 ноември 2025 (МИА) - Две дискусии во рамките на Форумот за Интердискурзивен дијалог „Philosophia Christiana“, проект на фондацијата „Свети Фотиј Велики“ - Скопје ќе се одржат денеска и утре во библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје со почеток од 19 часот.

Првата дискусија, која ќе се одржи денеска е насловена Homo Veritatis: За вистината во јавниот дискурс (27.11.2025) и на неа како што наведува организаторот интердисциплинарно ќе се пристапи кон прашањето за вистината во јавниот дискурс. Во дискусијата ќе учествуваат Дионисиос Склирис, професор по философија на Богословскиот факултет во Атина и новинар во неделникот „То Вима“ и Ненад Марковиќ, професор по политички науки и еден од основачите на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“.

Втората дискусија, која ќе се одржи утре е насловена Homo Religiosus: За човекот како религиозно битие. Во неа, како што наведува организаторот, фокусот ќе биде ставен на значењата и интерпретациите на концептот за религиозноста во европската култура. Во дискусијата ќе учествуваат Сотирис Митралексис од Лондонскиот универзитетски колеџ (UCL) и Институтот за православни христијански студии во Кембриџ (IOCS) и Александар Таковски од AAB Колеџот во Приштина.

Настаните се со слободен влез и отворени за пошироката публика. 

Форумот за Интердискурзивен дијалог „Philosophia Christiana“ дејствува како дијалошка платформа, која се состои од дискусии на различни философски, теолошки, социјални, етички и културолошки теми. ац/са/

Фото: Форумот за Интердискурзивен дијалог „Philosophia Christiana“

Остани поврзан