• четврток, 19 март 2026

Без струја дел од Сопиште, а без вода неколку улици во Центар

Без струја дел од Сопиште, а без вода неколку улици во Центар

Скопје, 18 март 2026 (МИА) - Од ЕВН Македонија известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе остане дел од општина Сопиште, а од ЈП Водовод и канализација, пак, соопштуваат дека без вода ќе останат неколку улици во Центар.

Од 08 до 15:30 часот без струја ќе останат корисниците од село Држилово во оштина Сопиште, информира ЦУК, повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија.

Поради реконструкција на водоводна мрежа пак од 09 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од улиците Мирослав Крлежа, Дебарца и Отон Жупанчич во општина Центар.

- Поради менување на вентил во шахта на ул. Македонија бр. 10, од 10:00 часот до завршување работите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. Македонија на потегот од ул. Димитрие Чуповски до ул. Даме Груев. (Општина Центар), додаваат од ЦУК, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација. нд/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан