• четврток, 26 февруари 2026

Јавна трибина за зајакнување на грижата за ракот во Македонија

Јавна трибина за зајакнување на грижата за ракот во Македонија

Скопје, 6 февруари 2026 (МИА) - По повод Светскиот ден за борба против ракот - 4 Февруари, денеска на Универзитетот во Скопје ќе се одржи јавна трибина „Обединети по единственост - Од заложби до реализација: Зајакнување на грижата за ракот во Македонија“.

Организатор е Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негуватели ХЕМА-ОНКО. 

- Настанот има цел да отвори јавна и стручна дискусија за состојбата, предизвиците и за идните насоки во грижата за пациентите со рак во Македонија, со фокус на имплементацијата на националниот план за борба против ракот, пристапот до современа терапија, еднаквоста во здравствената заштита и одржливоста на системот - соопшти организаторот.

Според агендата, ќе се обратат директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, директорот на ЈЗУ Клиника за радиотерапија и онкологија - Скопје, Игор Стојковски, директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија - Скопје, Соња Генадиева-Ставриќ, претставници од Министерството за здравство и од Институтот за радиологија. 

В недела во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе има модна ревија во соработка со „Елена Лука“ во чест на храброста, духот и вистинската убавина на жената што го победи ракот.

- Овој настан претставува симболична и емотивна посвета на жените што поминале низ онколошко искуство, прикажана преку уметност, мода и силна порака за живот, достоинство и надеж - најавува Здружението. мд/са/

Фото: Фејсбук на ХЕМА-ОНКО

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан