• сабота, 16 мај 2026

Трета регионална конференција на сметководители

Трета регионална конференција на сметководители

Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Со мотото „Генерација со визија - Професија со иднина“, денеска, во Скопје, ќе се одржи Третата регионална конференција на сметководителите и овластени сметководители.

Како што е најавено, конференцијата ќе обедини над 1.000 учесници од земјаа и регионот, претставници на институции, професионални организации, академската заедница и деловниот сектор, а поздравни обраќања ќе имаат министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и претседателката на Институтот на сметководителите и овластените сметководители (ИСОС), Весна Прентоска.

На конференцијата се предвидени панел-дискусии и тематски сесии посветени на дигиталната трансформација на сметководствената професија, усогласувањето со меѓународните стандарди, како и улогата на професијата во современото економско опкружување. Предвидено е и потпишување меморандум за соработка помеѓу ИСОС и Стопанската комора на Северна Македонија. Меморандум ќе го потпишат претседателката на ИСОС, Весна Прентоска, и претседателот на Комората, Бранко Азески.

Во рамките на конференцијата ќе се одржи и саем за дигитализација, на кој ќе бидат презентирани современи софтверски решенија и алатки наменети за сметководителите.

Според ИСОС, особено внимание на конференцијата е посветено на младите преку одржување поткаст-сесија „Повеќе од само бројки“, на која ќе се отвори дискусијата за новите вештини, очекувања и можности за новата генерација сметководители, како и нивната улога во трансформацијата на професијата. мч/паг/

Фото: ИСОС

Остани поврзан