Сојузот на здруженија на дијабетичари ја најавува Првата пациентска конференција по повод јубилејот - 25 години постоење
- Првата пациентска конференција е по повод јубилејот - 25 години од постоењето на Здружението што се одбележува под мотото „25 ГОДИНИ БОРБА, ПОСВЕТЕНОСТ, СОЛИДАРНОСТ И НАДЕЖ“.
Скопје, 3 март 2026 (МИА) - Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија денеска ќе ја најави Првата пациентска конференција посветена на дијабетесот и најчестите коморбидитеди како дел од метаболниот синдром.
Првата пациентска конференција е по повод јубилејот - 25 години од постоењето на Здружението што се одбележува под мотото „25 ГОДИНИ БОРБА, ПОСВЕТЕНОСТ, СОЛИДАРНОСТ И НАДЕЖ“.
Здружението ќе соопшти детали на прес-конференција.
-На оваа конференција може да учествуваат лицата со дијебетес, докторите, медицинските сестри, фармацевтите, лекарите од семејна медицина и општите лекари како и граѓаните. Очекуваме присуство и на официјални претставници на Интерацнионалната дијабетес федерација (ИДФ) преку членови на Бордот на ИДФ – Европа, директороката на ИДФ Европа, како и претседатели на национланите сојузи на дијабетес во регионот, наведува Здружението. мч/са/
Фото: МИА архива