Работилница во организација на ССК за примена на АИ во дигиталниот маркетинг
- Сојузот на стопански комори на Северна Македонија најави дека денеска во Скопје ќе се одржи интерактивна работилница „АИ во маркетинг“, посветена на практичната примена на вештачката интелигенција во дигиталниот маркетинг и комуникација кај малите и средни компании.
Скопје, 25 март 2026 (МИА) – Сојузот на стопански комори на Северна Македонија најави дека денеска во Скопје ќе се одржи интерактивна работилница „АИ во маркетинг“, посветена на практичната примена на вештачката интелигенција во дигиталниот маркетинг и комуникација кај малите и средни компании.
Работилницата е организирана од DINNA AI и INNOFEIT EDIH, а ќе се одржи во ИНОФЕИТ на улицата „Руѓер Бошковиќ“ 18, со почеток во 11 часот.
Според најавата, на настанот ќе бидат презентирани алатки и пристапи за подобрување на бренд-комуникацијата, автоматизација на маркетинг-активностите и оптимизација на буџетот.
Настанот е наменет за сопственици, основачи и маркетинг-менаџери на мали и средни компании кои сакаат да ја унапредат својата дигитална присутност, да го оптимизираат маркетинг-буџетот и да се запознаат со можностите што ги нуди вештачката интелигенција за раст на бизнисот.
Работилницата се организира во рамки на проектот INNOFEIT EDIH, во кој партнер е Сојузот на стопански комори на Северна Македонија. ра/ац/
Фото: МИА архива