• сабота, 16 мај 2026

Официјален почеток на Пазарот во тековниот ден

Официјален почеток на Пазарот во тековниот ден

Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Националниот оператор на пазарот на електрична енергија - МЕМО ДООЕЛ Скопје денеска и официјално ќе го означи почетокот на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market).

На настанот по овој повод најавени се обраќања на премиерот Христијан Мицкоски и на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Поздравни обраќања ќе имаат и генералниот директор на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, генералниот директор на БСП и претседател на Управниот одбор на АДЕКС, Анже Предовник, како и Мартин Мартиновски, експерт за електрична енергија и статистика во Енергетската заедница.

- Со почетокот на Пазарот во тековниот ден се прави значаен исчекор кон унапредување на функционалноста на организираниот пазар на електрична енергија - наведуваат од МЕМО. мч/бак/

фото: ФБ на МЕМО

 
 
 
 

Остани поврзан