• четврток, 26 март 2026

Манифестација „Играм и пеам за мојата мајка“ во Детскиот културен центар - Карпош

Манифестација „Играм и пеам за мојата мајка“ во Детскиот културен центар - Карпош

Скопје, 6 март 2026 (МИА) - Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, денеска  во Детскиот културен центар – Карпош ќе се одржи манифестацијата „Играм и пеам за мојата мајка“ со поднаслов „Љубов и насмевка за сите жени“.

-Настанот е посветен на мајките и жените како израз на благодарност, љубов и почит кон нивната секојдневна грижа и поддршка. Во рамки на програмата ќе биде отворена изложба на ликовни трудови изработени од децата од градинките на Град Скопје, кои преку боја, форма и креативност ќе ја претстават својата искрена детска љубов кон мајките, соопшти ДКЦ Карпош.

На годинашната  манифестација ќе присуствува Јасмина Атанасова-Симјаноска, првата оџачарка во Македонија, која со децата ќе го сподели своето животно искуство под мотото: „Оџачарот носи среќа – оџачарката носи дупла среќа!“

Јасмина е дипломиран архитект, енергетски контролор, судски проценител на недвижности, авторка на учебници, авторка на поезија и проза, а од 2016 година и дипломирана оџачарка.

-Преку разговор и инспиративна порака, таа ќе им објасни на малите учесници дека секоја жена може да биде успешна во секоја професија што ќе ја избере, доколку верува во себе, сонува и се труди. Целта на настанот е да ги поттикне најмладите да растат со почит кон жените, со свест за еднаквост и со разбирање дека љубовта и добрината се најголемата сила што ги поврзува сите генерации, наведува Детскиот културен центар – Карпош. хс/са/

Фото: Детски културен центар – Карпош 

 

Остани поврзан