Концерт на џез-составот Skopje Jazz Inc. по повод Светскиот ден на радиото
- Настанот е во рамките на „Денови на литературата“, а концертот ќе се пренесува во живо на познатата фреквенција на „Џез ФМ“ - 100.8 ФМ, како и онлајн на jazzfm.mk, соопштија од тимот на радиото.

Скопје, 13 февруари 2025 (МИА) - Џез-составот Skopje Jazz Inc. по повод одбележувањето на Светскиот ден на радиото, вечер во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во Скопје ќе одржи концерт со почеток во 21 часот.
Настанот е во рамките на „Денови на литературата“, а концертот ќе се пренесува во живо на познатата фреквенција на „Џез ФМ“ - 100.8 ФМ, како и онлајн на jazzfm.mk, соопштија од тимот на радиото.
Skopje Jazz Inc. е македонска џез состав формиран 2018 година кој го сочинуваат Трајче Велков (труба), Зоран Костадиновски (гитара), Виктор Филиповски (тапани) и Горан Гешоски (бас-гитара). вг/са/
Фото: Плакат Џез ФМ - радио фб