• сабота, 16 мај 2026

Германско-македонски бизнис-самит

Германско-македонски бизнис-самит

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - „Примената на технологијата, дигитализацијата и вештачката интелигенција како двигатели на економскиот развој“ е темата на Германско-македонскиот бизнис-самит, што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, а во соработка со Германско-македонското стопанско здружение. 

На настанот, што ќе обедини високи претставници од бизнис-секторот од државата, Германија и регионот, ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.  

Ќе се дискутира за економските перспективи на Северна Македонија и улогата на ИКТ-секторот, индустриска трансформација, автоматизација и иновации, дигитализација во логистиката и деловните процеси, улогата на стартапите во дигиталната трансформација и иднината на дигиталната економија и примената на вештачката интелигенција

Во рамките на самитот ќе се одржи и церемонија на која ќе биде доделена наградата German-Macedonian Business Award. Ќе бидат наградени компании што придонесуваат кон економската трансформација и иновациите. лв/са/

фото: МИА архива 

Остани поврзан