• четврток, 04 декември 2025

Во Скопје започнува Првата регионална конференција на програмата ReLOaD3

Во Скопје започнува Првата регионална конференција на програмата ReLOaD3

Скопје, 12 ноември 2025 (МИА) – Под мотото „Резултати и регионално влијание: Зајакнување на локалното управување и граѓанското општество во Западен Балкан“ во Скопје денеска и утре се одржува Првата регионална конференција на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 3 (ReLOaD3).

Свеченото отворање е предвидено за денеска со почеток во 9 часот во хотелот „Холидеј Ин“, а поздравни обраќања ќе имаат Ерџан Селими, заменик министер за локална самоуправа на Северна Македонија, Симела Цакири, раководителка на тимот за координација на граѓански организации и медиуми во Западен Балкан и Турција при Европската комисија и Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во Северна Македонија.

Конференцијата ќе обедини над 100 учесници од целиот регион, меѓу кои претставници на локалните самоуправи, граѓански организации, Европската комисија и партнерски институции.ар/бк/
Фото:Фејсбук

 

Остани поврзан