Национална конференција за ХИВ во Скопје
- Во организација на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА, во партнерство со здруженијата „Заедно посилни“, ЕСЕ и Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризариденеска во Скопје ќе се одржи Национална конференција за ХИВ.
Скопје, 1 декември 2025 (МИА) - Во организација на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА, во партнерство со здруженијата „Заедно посилни“, ЕСЕ и Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари денеска во Скопје ќе се одржи Национална конференција за ХИВ.
- Настанот ќе отвори прашања за клучните предизвици во одговорот на ХИВ во државава, со акцент на раното откривање, пристапот до третман и одржливоста на превентивните услуги. Конференцијата ќе ги обедини претставници на институции, меѓународни организации, здравствени установи и граѓански здруженија, со цел да се поттикне дијалог заснован на докази за унапредување на националниот одговор и исполнување на глобалните цели 95-95-95, информира тимот на ХЕРА.бк/лв/
фото: МИА архива