Натпревар за најбрзо китење елка во Кавадарци
- Натпревар за најбрзо китење елка се реализира денеска во Кавадарци, како дел од програмата за одбележување на новогодишните и божиќните празници. Најбрзите ќе бидат наградени.
Кавадарци, 27 декември 2025 (МИА) - Натпревар за најбрзо китење елка се реализира денеска во Кавадарци, како дел од програмата за одбележување на новогодишните и божиќните празници. Најбрзите ќе бидат наградени.
Од локалната самоуправа истакнаа дека освен ваквите и слични активности за помладите генерации, програмата изобилува со бројни други содржини што, како што нагласија, ќе ги задоволат вкусовите на посетители од различно доба.
- На агендата овие денови се дедомразовска трка, хуманитарна продажба на новогодишни дела, разни други забавни содржини, топол чај и греено вино. Ќе има и дочек на Новата година на градскиот плоштад, посочуваат од Општината.
Во текот на денешниот ден на програмата е и новогодишната детска претстава „Елза и Дедо Мраз“, дружење со маскоти и слично. свд/бак/
Фото: МИА