• сабота, 21 февруари 2026

Напад со дрон во Судан уби 24 лица

Напад со дрон во Судан уби 24 лица

Каиро, 7 февруари 2026 (МИА) - Најмалку 24 лица се убиени во напад со дрон извршен од паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) во Судан.

Дронот таргетирал возило што превезувало раселени семејства во близина на градот Рахад во покраината Северен Кордофан, при што загинале осум деца, соопшти Мрежата на судански лекари.

Групата лекари ја повика меѓународната заедница и организациите за човекови права да „преземат итни мерки за заштита на цивилите и да го сметаат раководството на РСФ директно одговорно за овие злосторства“.

РСФ досега не дале коментар. Групата е во војна со суданската армија околу три години. мс/

фото: Архива

Остани поврзан