• понеделник, 19 јануари 2026

Налети на ветер со јачина од над 100 километри на час регистрирани во Солун

Налети на ветер со јачина од над 100 километри на час регистрирани во Солун

Атина, 29 декември 2025 (МИА) – Во текот на вчерашниот ден во Солун и на Халкидики биле регистрирани налети на северен ветер од над 80 километри на час, а противпожарната служба на Грција примила 600 повици за помош во поширокиот регион, јави дописничката на МИА од Атина.

Според мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, највисоката измерена максимална брзина на ветерот била регистрирана во Солун, со 108 километри на час.

Во поширокиот регион на градот, како и на Халкидики и во околните градови налетите на ветер биле меѓу 74 и 85 километри на час.

Од противпожарната служба на Грција информираа дека поради силниот ветер во регионот централна Македонија, вчера, во периодот од 08.30 до 17.30 часот, примиле 600 повици и биле извршени 114 сечења на дрвја и 48 отстранувања на паднати предмети. ср/јт/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан