• сабота, 16 мај 2026

Надзорна расправа во Собранието за спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство

Надзорна расправа во Собранието за спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство

Скопје, 23 април 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите денеска ќе одржи надзорна расправа на тема „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт“.

Воведно обраќање на надзорната расправа ќе одржи претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска.

Според агендата, во надзорната расправа ќе учествуваат заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, министерот за здравство, Азир Алиу, државната секретарка во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска, државниот советник во Министерството за правда, Никола Прокопенко, директорката на ЈУ Завод за социјални дејности, Скопје, Душанка Петрова, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, Зоран Трајчевски, Ана Аврамовска-Нушкова од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Себајете Зенку од Центарот за женски права „Етика Гостивар“, Весна Матевска, раководителка на програма за родово базирано насилство - ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување, како и Маја Атанасова од Македонското здружение на младите правници. дма/хс/ 

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан