Надал за Алонсо во Реал: Куќа не се гради за еден ден
- Поранешниот светски рекет број еден, Шпанецот Рафаел Надал, му искажа поддршка на тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо.
Мадрид, 25 ноември 2025 (МИА) - Поранешниот светски рекет број еден, Шпанецот Рафаел Надал, му искажа поддршка на тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо.
- Реал предводен од Алонсо моментално е прв во Ла Лига и е во добра позиција во Лигата на шампионите. Не мислам дека некој во клубот би одбил да биде во негова кожа во моментов. Ова е нов проект, а тимот има многу да научи. Куќа не се гради за еден ден, изјави Надал за „Мадрид Универзал“.
Реал ремизираше двапати во Ла Лига - против Рајо Ваљекано (0:0) и Елче (2:2), а загуби од Ливерпул (0:1) во Лигата на шампионите.
Во шпанската Ла Лига „Кралевите“ на првото место со 32 бода, еден повеќе од Барселона, додека во ЛШ се на 7. место по четири одиграни натпревари. зс/
Фото: ЕПА